Иконата на египетскиот фудбал со совет до Англичаните: Земете го Жозе за селектор

Ахмед Абделхамид, односно попознат како Мидо, своевремено беше атракција во Премиер лигата во дресовите на Тотенхем и Мидлсбро. Фудбалската кариера ја заврши во 2013 година, но поранешната египетска ѕвезда константно ги следи случувањата во европскиот фудбал.

За неговиот поранешен менаџер во Мидлсборо, Герет Саутгејт смета дека нема квалитет да ја води англиската репрезентација до успех на меѓународната сцена, па испрати совет до Англичаните кого да ангажираат за нов селектор.

„Со Саутгејт губат време. Кога дава изјави за медиумите, делува коректно, во верувајте дека тој е плашливец. Така беше и во Мидлсборо додека се боревме за опстанок. Му беше прва работа, а се плашеше за секој евентуален пораз. Тоа не се откоренува, а дури и играчите чувствуваат дека се плаши. Затоа Англија треба да го ангажира Жозе Мурињо, а Саутгејт да го стават на чело на Федерацијата“, истакна Мидо.

Дека Мидо делумно е во право, говори статистиката на Англија во последните пет меча во Лигата на нациите, во кои постигна само еден гол од игра.

- Оглас -

Најнови вести