Или бил пијан или бил под дејство на наркотици, НБА-кошаркар пронајден без свест пред својот автомобил во кој имало пиштол

Кошаркарот на Шарлот хорнетс, Џејмс Боукнајт, е уапсен поради возење под дејство на алкохол или на опијати, објавија американските медиуми.

Бекот на Шарлот во моментот кога бил уапсен од полицијата, не го возел автомобилот туку бил онесвестен на паркингот, а при претресот на возилото бил пронајден и пиштол. Полицијата не открива дали Боукнајт имал дозвола за носење огнено оружје, но според медиумите во САД, засега не е обвинет за такво дело.

„Сè уште ги собираме сите информации и се додека немаме целосна слика за тоа што се случило, не можам да коментирам“, изјави тренерот на Шарлот, Стив Клифорд.

Ова не е прв проблем за Шарлот пред стартот на новата сезона бидејќи претходно беше уапсен Мајлс Бриџис поради тоа што ја претепал девојката, и тоа пред нивните деца. Комесарот на НБА-лигата, Адам Силвер, најверојатно ќе го суспендира Бриџис за цела сезона, најавуваат медиумите во САД.

- Оглас -

Најнови вести