Иличиќ: Хрват сум, но Словенија ми даде сè

Одличните игри на Јосип Иличиќ во дресот на Аталанта придонесоа во Хрватска да се разбие дебата дали направиле максимум за да го земат да игра за нивната репрезентација, со оглед на потеклото. Иличиќ е роден во Приједор во БиХ во 1989 година, има хрватски родители, но кога имал една година, татко му бил убиен, па со мајка му и братот се преселиле во Словенија.

„Пораснав во Словенија, таа земја ми даде сè и логично е да играм за нив. Иако се чувствувам и како Хрват и како Босанец и како Словенец, роднините ми се во Хрватска и не беше лесно да се избере. Не сакам да се враќам во минатото, којзнае дали некогаш би играл за Хрватска ако ја одберев нивната репрезентација“, вели Иличиќ, кој летово ќе добие многу убави понуди и можеби ќе си замине од клубот од Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести