Иличиќ се чувствува и Хрват, татко му беше Хрват кој го убија, а тој вечер игра за Словенија против Хрватска

Многумина во Хрватска жалат што Јосип Иличиќ не игра за нивната репрезентација, а вечерва фудбалерот на Аталанта како член на словенечката репрезентација, ќе има многу мотиви против Хрватите.

Иличиќ е роден во 1989 година во Приједор, во БиХ, а неговиот татко кој бил Хрват, бил убиен кога Јосип имал само една година, па неговата мајка Ана одлучи со двата сина да се пресели во Словенија.

Иако можеше да игра и за Хрватска или БиХ, сепак Иличиќ ја одбра Словенија, земјата во која порасна и во кој по смртта на татко му си најде прибежиште во тешките времиња.

„Иако се чувствувам и како Хрват и како Босанец и како Словенец, сепак Словенија ми даде се и логично е да играм за таа земја. Роден сум во БиХ, роднините ми се во Хрватска, не беше лесно да се одбере. Којзнае, ако ја одберев Хрватска, можеби никогаш немаше да заиграм за репрезентацијата“ – вели Иличиќ кој во 2008 година за малку ќе се откажел од големиот фудбал и ќе заиграл футсал, но Златко Захович го донесе во Марибор, и тогаш работите тргнаа кон подобро.

Направи трансфер во Палермо вреден 2,3 милиони евра, а сега е во Аталанта и игра Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести