Илиев е оптимист: Баку доаѓаме

Дејан Илиев ќе патува за Баку, но во трилингот на голмани што ги има Арсенал, веројатно ќе биде на трибините на финалето во Европа Лигата против Челси.

Македонскиот репрезентативец е на списокот на Унаи Емери за пат во Баку, каде на 29. мај ќе се игра мечот за пехарот во лондонската пресметка меѓу Арсенал и Челси.

„Баку доаѓаме“ порачува Илиев, а целта на „топчиите“ се знае, да се надигра и победи Челси и да се освои вториот европски пехар по тој во поранешниот Куп на победници на купови во 1994 година.

Прва опција за голманската позиција е Лено, Чех ќе му биде резерва, а Илиев ќе биде алтернатива, ако некој од првите двајца не може да брани.

Мечот ќе се игра на Олимпискиот стадион во Баку на 29.мај од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести