Денешниот тренинг на фудбалскиот тим на Црвена ѕвезда беше збогатен со посета на легендарниот македонски фудбалер и член на екипата која пред 33 години стана европски и светски шампион, Илија Најдоски.
„Громовникот“ Најдоски, кој за Ѕвезда одигра 162 официјални меча, денеска го прославува својот јубилеен 60-ти роденден.
Илија беше пречекан од тренерот Владан Милојевиќ и спортскиот директор Митар Мркела, кој е некогашен соиграч на Најдоски.
Тој беше еден од омилените играчи кај фановите бидејќи беше пожртвуван и знаеше да стави глава таму каде што многумина не би ставиле ни нога.