Им падна рејтингот на Црвените ѓаволи – Болоња не им го дава Арнаутовиќ

Марко ди Вајо, кој е директор на Болоња, вели дека нема шанси Марко Арнаутовиќ да се пресели во Манчестер јунајтед и го посочи 33-годишниот австриски репрезентативец како еден од столбовите во тимот.

Тој потврди дека калчолигашот одбил понуда од Црвените ѓаволи вредна 8 милиони евра за Арнаутовиќ.

„Не е сè во парите. Марко има непроценлива вредност за нас. Сакаме да игра за Болоња и убедени сме дека ќе ни помогне и понатаму да се развиваме. Секако ни годи понудата од Манчестер јунајтед“, изјави Ди Вајо.

Австриецот кој има 33 години лани беше прв стрелец на Болоња со 15 погодоци во сите натпреварувања и има уште една година од договорот со италијанскиот прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести