Им здосади да чекаат инвеститор, па играат Лото за да го купат омилениот клуб

На навивачите на Брондби им здосади од постојаните шпекулации за нов инвеститор во клубот што би ги покрил долговите на 10-кратниот дански првак, па имаат оригинална идеја како самите да го купат.

Се организираа во голема акција и вечерва со нетрпение ја очекуваат европската лотарија што носи главна премија од околу 60 милиони евра.

Познати како многу лојални на својот омилен клуб и со оригинални идеи и акции на фудбалската тифо-сцена, симпатизерите на Брондби кај себе имаат 135 талони за Лото извлекувањето на Евролотаријата и се надеваат дека ќе имаат среќа за потоа да ги вложат сите пари во купување акции во клубот и да успеат да станат главни акционери.

Досега имаше неколку обиди за спас на клубот со огромна традиција во Данска и во скандинавскиот фудбал, а последно што се најавува е дека Ред Бул би можел да го вклучи Брондби во трилингот клубови што би ги поседувал, заедно со австрискиот Салцбург и германскиот Лајпциг.

Брондби има долгови, што се одрази и на резултатите во новиот милениум. Последната титула ја освоија во сезоната 2004/05, па оттогаш со девет освоени круни во данскиот шампионат на вечната листа ги престигна ФК Копенхаген, екипа која има вкупно 13 титули, три повеќе од Брондби. Рекордер е Копенхаген Болдклуб, или попознат само како КБ со 15 шампионски круни.

- Оглас -

Најнови вести