Има 10 победи по ред, славеше и на гости со денешниот ривал, а квотата за „кец“ е неверојатно голема

Ајакс на свој терен го пречекува Лил во меч од реванш-дуел од 16-финалето во Лигата на Европа. Холандскиот гигант е во одлична позиција затоа што минатата недела славеше на гостувањето во Франција со 2:1. На тој меч, драмата беше во последните 20 минути.

Лил поведе со 1:0 во 72-рата минута, но Ајакс не само што успеа да остане непоразен, туку со два гола во последните неколку минути направи целосен пресврт. Со овој триумф некогашниот четирикратен европски првак продолжи една одлична низа.

Ајакс има 10 победи по ред во сите натпреварувања, а вкупно 15 средби нема пораз (12 победи и три нерешени). Последен пат тимот од Амстердам загуби, и тоа на свој терен од Аталана со 0:1 во последното коло од Лигата на шампионите на 9 декември минатата година.

Според коефициентите во Sport Life, Ајакс е фаворит за победа и денеска против Лил, но коефициентот за кец е навистина примамлив и моментално изнесува 2.20. Ако се знае дека Ајакс веќе го победи Лил, и тоа во Франција, но и традицијата е на страна на холандскиот тим, кој има три победи со Лил во трите досегашни средби, победа на домаќините е реална варијанта.

ДОСЕГАШНИ ДУЕЛИ НА АЈАКС И ЛИЛ

18 февруари 2021 Лил – Ајакс 1:2

27 ноември 2019 Лил – Ајакс 0:2

17 септември 2019 Ајакс – Лил 3:0

 

- Оглас -

Најнови вести