Има добар штоф за репрезентација и дома – Македонија ги почна подговките за мечот со Саудиска Арабија (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација составена претежно од играчи што настапуваат во домашното првенство ги почна подготовките за пријателскиот меч со Саудиска Арабија закажан за 22-ри октомври во Абу Даби.

Во овој термин не можат да патуваат стандардните репрезентативци поради клупски обврски, па ова е и одлична шанса за домашниот кадар.

Има многу познати лица на првиот ден од подготовките и поранешни и актуелни репрезентативци од калибарот на Дориев, Хасани, Ибраими, Младеновски…, а и некогашни младински репрезентативци, потоа и сериозни кандидати за А селекцијата.

Македонија и Саудиска Арабија ќе играт на стадионот „Зајед спорт сити“ во Абу Даби,  Обединетите Арапски Емирати, а капацитетот е 45 илјади места.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести