Има и крадци џентлмени – Му однесоа сè, а Жаиме сепак е пресреќен

Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Жаиме Фернандес пријави дека бил ограбен од банда криминалци во својот дом во Малага, а упадот се случил пред еден месец.

Играчот на Уникаха беше дел од шпанската селекција што го освои златниот медал на Мундијалот во Кина лани и вели дека е среќен што одличјето што му ја краси кариерата не било украдено.

„Многу работи недостасуваат, но барем биле внимателни и ми го оставиле златниот медал“, изјави Фернандес.

Жаиме има 26 години, игра за Уникаха и има вкупно пет медали од големите натпреварувања како шпански репрезентативец.

Најважно, секако, е златото од Кина освоено лани, а има уште четири одличја во младинските категории.

- Оглас -

Најнови вести