Има ли јунаци што прегрмеа ваков ден? Реал Мадрид само фрли сол на обложувачките рани

Реал Мадрид само фрли сол на раните на обложувачите денеска со ремито без голови против Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“ вечерва.

За финиш на денот, големиот фаворит не успеа да постигне барем еден гол во ден со серија сензационални резултати.

Во текот на денешниот ден порази доживеаја Јувентус од Сасуоло, Барселона од Рајо Валјекано, потоа и Базел и Јанг бојс, кои се елиминирани во Швајцарскиот куп, па Баерн со дебакл од 5:0 против Борусија Менхенгладбах во Германскиот куп, а елиминиран на сензационален начин со пораз од 1:2 од Карлсруе е и Баер во Леверкузен.

Елиминиран е и Манчестер сити во Лига купот на Англија од Вест хем, Црвена ѕвезда загуби во Србија од Радник со 2:1 и прекина долга серија од над 50 меча без пораз.

Но и тоа не е крај на долгата листа со изненадувања денеска, а на неа влегуваат и Глазгов ренџерс со реми 2:2 против Абердин и ремито 3:3 на Бенфика против Гимараиш во Португалскиот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести