Има ли поголем обложувачки малер од ова? За еден меч не доби 790.000 денари со влог од 20 денари!

Секое коло има многу интересни обложувачки приказни, случувања и тикети кои на среќен начин станале добитни, но и оние кои малку фалело да направат некој обложувач добро да се офајди. Една таква приказна доаѓа и со тикетот кој викендов бил уплатен во Скопје.

Обложувач уплатил минимални 20 денари, а на тикетот наредил 10 натпревари со една единствена игра, а тоа е на сите мечеви да има 2-3 погодоци во првото полувреме. Коефициентите на овој тип игра се навистина привлечни, па токму затоа и вреди да се одиграат таквите комбинации.

Од 10-те натпревари кои беа уплатени на тикетот, дури на девет средби во првите 45 минути имаше меѓу два и три погодоци: Блекбурн – Бристол (1:1 на полувреме), Хетафе – Еибар (1:1), Хофенхајм – Унион Берлин (3:0), Магдебург – Баерн Минхен аматери (2:0), Верона – Калјари (2:1), Тирол – Австрија Виена (1:1), Динамо Брест – Городеја (1:1), Спарта Прага – Либерец (2:1) и Холбаек – Вејгард (1:1).

Тоа што е најинтересно на овој тикет е дека прв меч кој е напишан е дуелот меѓу Вест хем и Вулверхемптон и токму тој е „мината“ поради кој ливчето не е добитно. Мечот од Премиер лигата во првото полувреме заврши 0:0, односно немаше два до три гола. Поради овој резултат, обложувачот остана без посакуваните 790.000 денари.

Колку за потсетување во изминативе неполни 10 дена, двајца обложувачи во Sport Life успеаја да направат тикети кои им донесоа МИЛИОНСКИ ДОБИВКИ, а среќникот од Свети Николе тикетот за да биде добитен, го посака и погодокот даден во 94-тата минута. 

Погледнете го најмалерозниот тикет во последниот период.

- Оглас -

Најнови вести