Има ли резон – Швеѓаните го откажаа почетокот на сезоната, клубовите секој ден играат еден куп пријателски мечеви

Швеѓаните одлучија да го пролонгираат стартот на новата фудбалска сезона закажан за 4. април, причина е опасноста од Коронавирусот, но нивните клубови играат пријателски мечеви секој ден.

И тоа ги има дузина подготвителни натпревари за сезоната во која веќе се откажани стартните 11 кола, па наместо на почетокот на април првенствата треба да почнат на 5. јули.

Шведска и општо Скандинавските земји имаат поинаков распоред на натпреварувања од останатиот дел на фудбалска Европа и шампионатот им се игра во различен период од останатите лиги.

Ланското првенство, или популарната „Алсвенскан“ заврши во ноември, а Ѓургарден славеше титула. Беше предвидено новата сезона да почне на 4. април, но сето тоа е пролонгирано за подобри времиња, кога ќе стивне опасноста од Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести