Има неделна плата од 360.000 евра, а на карта не знае да го најде родниот град (Видео)

Џек Грилиш минатото лето стана најскапиот англиски фудбалер откако Манчестер сити за него плати оштета од 100 милиони евра на Астон вила. Англискиот репрезентативец е роден во Бирмингем и со години беше еден од најдобрите играчи на Астон вила, за сега да е дел од составот на Пеп Гвардиола.

Офанзивниот играч на Сити, заедно со Џордан Хендерсон од Ливерпул и Конори Коди од Вулверхемптон беа дел од едно шоу, кога од фудбалерите беше побарано на географска карта да го покажат градот од кој доаѓаат.

Грилиш кога ја виде географската карта се збуни и запраша: „Тоа целото е Англија?“ и веднаш избега позади географската карта. Грилиш во Манчестер сити има неделна плата од 360.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести