Има само двајца фаворити за победа во Имола, Ферстапен ќе се обиде да го изненади шампионот

Големата награда на Емилија Ромања во Италија, денеска по 29. пат ќе се оддржи на легендарната патека во Имола, а според проценките на експертите има само два фаворити за победа.

Лидерот и актуелен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја има пол-позицијата и е фаворит број еден за триумф и ќе се обиде да победи и на втората трка сезонава.

Британецот успеа да слави во Бахреин на премиерата на 28. март, иако тогаш Марк Ферстапен ја имаше пол-позицијата. Сега Холанѓанецот ќе се обиде да се реваншира и да ја забележи првата победа во новиот циклус на Ф1 циркусот.

Одлична трка во битката за пол-позицијата имаше и Серхио Перес, пилот на Ред Бул Рејсинг-Хонда и тој ќе биде веднаш зад Хамилтон на стартот на денешната трка, токму пред Ферстапен, Леклер и Гасли.

 

 

- Оглас -

Најнови вести