Ерик тен Хаг, менаџерот на Манчестер јунајтед, вчера ги казни своите фудбалери скратувајќи им го слободниот ден со казнен кондициски тренинг по дебаклот од Брентфорд во Премиер лигата.
Англиските медиуми во меѓувреме известија што се случувало на дополнителниот тренинг. Имено, Тен Хаг ги натерал фудбалерите да трчаат 12 километри без прекин на жешкото сонце, односно на температури повисоки од 30 степени.
Одредената дистанца е разликата меѓу играчите на Брентфод и Манчестер јунајтед, односно Црвените ѓаволи токму за 12 километри беа наттрчани од Пчелите во поразот од 4-0. Временските услови се погодиле идентично како за време на саботниот дуел.
Очигледно е дека холандскиот стратег го наметнува својот авторитет, но засега тоа не успева да ги мотивира Црвените ѓаволи, кои забележаа најлош старт на сезоната во клупската историја по 101 година пауза, со два порази од Брентфорд и Брајтон.