27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Нема слободен ден по срамниот дебакл

Ерик тен Хаг го откажа слободниот ден на екипата и утрово ги построи играчите на Манчестер јунајтед на тренинг, по вчерашниот срамнен дебакл од Брентфорд со 4-0. Холандскиот стратег е видно гневен од прикажаното на неговиот тим во првите две кола од Премиер лигата, во кои Ѓаволите претрпеа два порази и се на дното на табелата.

Дополнителниот тренинг наместо ден за одмор е сосема заслужен по катастрофалниот настап, Тен Хаг веднаш се фати за работа да се обиде да најде решение за кошмарниот старт на сезоната, за што презема најголем дел од вината. Сепак, јасно е дека има проблеми во соблекувалната, одминувањето на Роналдо покрај тен Хаг е знак дека работите се полоши од било кога. Предводникот во меѓувреме настојува дека се потребни засилувања со цел Јунајтед да биде поконкурентен во наредниот период.

Инаку, Холанѓанецот постави негативен рекорд, првпат по 101 година е тренер на Манчестер јунајтед кој ги загубил првите два натпревари во првенството. Последно се случило во 1921 година, на Џон Чапман.

- Оглас -

Најнови вести