Имаат 13-мина играчи заразени со корона-вирус, но УЕФА не дозволи да им се одложи мечот

Фудбалерите на АЗ Алкмар се во големи проблеми пред утрешното гостување кај Наполи во меч од првото коло во Лигата на Европа. По првото тестирање пред патувањето за Неапол, биле откриени осуммина позитивни фудбалери на корона-вирусот. Дополнителното второ тестирање покажало дека вирусот го има кај уште петмина играчи.

Тоа значи дека вкупно 13 фудбалери на АЗ Алкмар нема да може да играат против Наполи, но од Европската фудбалска федерација потврдија дека нема да има одложување на средбата.

Експедицијата на холандскиот тим денеска ќе отпатува за Неапол, а во составот има само 17 пријавени фудбалери. Според протоколот на УЕФА, сè додека има 13-мина подготвени играчи, нема да се одложи ниту еден натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести