Имаат шанса за пласман во повисок ранг и бизарно барање за прекин на сезоната

Германскиот третолигаш Валдхоф Манхајм има по малку и бизарно барање да се прекине сезоната поради смрт на член на семејството на еден од нивните фудбалери, а причината е Коронавирусот.

Претставниците на Манхајм испратија писмо на адресите на сите клубови од Третата лига со кое бараат сезоната да не се доигра.

Со тоа ризикуваат и да останат без пласман во Втората лига, односно популарната Цвајта, а за тоа имаат реални шанси, ако натпреварите од Третата лига се доиграат.

До прекинот на првенството Манхајм е на втората позиција која гарантира пласман во повисок ранг на натпреварување, но ризикот е ако не се доигра сезоната да останат третолигаши.

Не е посочено за кој фудбалер станува збор, а наведено е само дека на 30. март член на неговото семејство починал од Ковид-19.

Германците се подготвуваат да ја продолжат сезоната на 9. мај за кога е закажан рестартот на натпреварите во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести