Имало лоши голмани и чудни киксови, ама ваков циркус пред гол не е виден досега (Видео)

Лукас Едријан Хојос го прими најсмешниот гол во првиот дел од аргентинското првенство, а циркусот што го приреди со серија несмасни потези во својот шеснаесетник е невиден досега.

Голманот на Велез Сарсфилд  во третата минута на дуелот со Годој Круз направи серија чудесни киксови што не можат ниту да се замислат за поранешен аргентински репрезентативец во младинските категории.

Најпрво, осамен без ниту еден противнички играч блиску до него ја заборави топката што сакаше да ја стопира, па ја бркаше да не отиде во корнер. Таа му мина низ нозе и кога се обиде да ја фати в раце, му се лизна и му дојде на нога на напаѓачот на Годој Круз, Пјер Бариос во чиста позиција и овој лесно погоди на празна мрежа.

Гол што долго ќе се прераскажува и памети по серијата неверојатни грешки на 33-годишниот Хојос.

Godoy Cruz [1]-0 Velez Sarsfield – P. Barrios 3′ (Great Goalkeeper Howler) from soccer

Велез Сарсфилд сепак си замина непоразен, а гол во 15. минута даде Диего Годин за конечен резултат 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести