Кочани е четвртиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околку 2.000 дечиња се натпреваруваа во седум спортски дисциплини, а беше навистина неизвесно и возбудливо.
Младите „симовци“ покажаа дека се вистински мајстори во Coca Cola Cup и футсал до 2015 годиште. Ги добивме и најдобрите „баскетџии“, кој исто така покажаа врвни вештини, се навиваше гласно на ракометните и одбојкарските мечеви, а возбудата растеше на атлетските трки. И секако тука беше омилената спортска дисциплина – народна.

Од Кочани е испратена порака дека Македонија има спортска иднина, а овој град заслужува да биде еден од спортските центри.
Спортските игри за млади „Плазма“ се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17-22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.
ИГРИТЕ ЗА ЗАКОН
Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/


