Имаше супертактика за многу пари, но дали искористивте да фатите коефициент од 165,7?

Четири македонски претставници во фудбалска Европа и четири порази во изминативе три дена. Шкендија, Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев и Шкупи беа поразени, но и елиминирани од натпреварувањата во кои учествуваа. Шанса за настап сепак остана за Шкендија, која автоматски се префрли од квалификациите во Лигата на шампиони, во квалификациите од Лигата на Европа.

Доколку не верувавте во квалитетот на нашите екипи, односно добро го следите макфудбалот и знаете колку е очајна сликата во домашното првенство, нема многу да ве зачуди неуспехот во Европа. Токму тој неуспех на нашите претставници можеше да ви донесе многу пари доколку одигравте против нив.

Вчера беше вистински потоп за макфудбалот во Европа откако Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев и Шкупи испаднаа, иако против себе немаа европски велесили, туку ривали од не многу подобро рангирани земји од Македонија.

Македонија ЃП се надеваше дека во Скопје ќе може да ја анулира негативата против Алахшерт, но наместо тоа, се случи потоп за Лавовите и пораз од 0:3. „Двојка“ на овој меч, во билтенот на Sport Life обложувалниците беше со коефициент 2,60. Слично беше и на дуелот Шкупи – Пјуник. За победа на гостите, коефициентот беше 2,50, а гостите од Ерменија се радуваа со 2:1.

Една од најсигурните „единици“ беше победата на Зрињски против Академија Пандев. Во билтенот на Sport Life, победа на домаќините вредеше 1,70, што беше подарок ако се знае дека претставникот од БиХ со 3:0 победи во Скопје. Истиот резултат беше и вчера во Мостар.

Ако за претставнците во квалификациите од Лигата на Европа беше и очекувано да ги завршат настапите по првото коло, шокантно делуваше поразот на Шкендија од Номе Калју од Естонија. Гостите во Скопје шутнаа само двапати, но и тоа беше доволно да постигнат два гола за победа од 2:1 и неверојатен коефициент 15 во Sport Life.

Ако се соберат сите коефициентите на сите четири меча на коишто загубија македонските претставници, се добива вкупен коефициент од 165,7. Тоа значи дека ако не верувавте во македонските екипи оваа недела, само со 100 вложени денари ќе добиевте 16.575 денари.

- Оглас -

Најнови вести