Се бројат последните часови до започнувањето на возбудувањата во новото коло од Спортска прогноза. Новите 13 мечеви кои се предизвик да ги погодите за „Среќна 13-ка“ се од Топ 5 лигите во Европа. За оној кој ќе биде перфектен и без грешка, следува главната премија, а тоа е мобилен телефон IPhone XS.
Дури и да имате една или две промашувања, повторно сте добитни без да вложите ништо во бесплатната игра. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11-ка ќе имате загарантиран ваучер од 500 денари во Sport Life.
За да бидете дел од Спортска прогноза, доволно е само да имаше извадено Sport Life картичка и преку вашиот профил ќе бидете во трка за добивките. Можност за прогнозирање имате до 15:30 часот кога започнува и првиот меч од понудата, а тоа е дуелот од германската Бундеслига меѓу Ајнтрахт и Волфсбург.
Најатрактивни за прогнозирање секако се дерби средбите меѓу Манчестер сити и Челзи, односно Милан – Наполи. Секој погоден пар носи по еден поен. Не заборавајте да ги прогнозирате и резервните парови, кои влегуваат во трката за Генерален пласман. На крајот од оваа сезона на Спортска прогноза ќе има подароци и за најдобрите во сите одиграни кола.