Името на државата од која потекнува шампионката во Мелбурн е забрането (Фото)

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, утринава за прв пат стана гренд слем шампионка, откако во финалето на Отвореното првенство на Австралија, со 2:1 во сетови (6:4,3:6,6:4) ја победи Елена Рибакина, но на шампионскиот пехар не беше изгравирано името на нејзината држава.

Поради одлуката на владата на Австралија, организаторот на првиот годинешен гренд слем турнир, одлучи тенисерите и тенисерките кои доаѓаат од Русија и Белорусија, да ги смета за неутрални натпреварувачи.

На социјалните мрежи со појави фотографија од шампионскиот пехар на кои беа испишани поранешните шампионки и на најновата, а видлива беше промената.

https://twitter.com/IncrediblyBozza/status/1619307890522865666?s=20&t=Hu_8gWt9p3k_B8_xRmb1Gg

Покрај името на Наоми Осака, шампионката од 2021 година во заграда стоеше името на нејзината земја (Јапонија), како и покрај името на победничката од минатата година, Ешли Барти (Австралија), но не и покрај името на Сабаленка.

Сабаленка на прес-конференцијата по триумфот беше запрашана дали и било чудно што титулата ја освоила како неутрална спортистка.

„Мислам дека сите и понатаму знаат дека сум тенисерка од Белорусија. Тоа е тоа“, одвовори Сабаленка.

- Оглас -

Најнови вести