Имобиле: Во животот не сум видел лудак како Пароло, се смееше додека стравувавме да не ни се урне авионот

Фудбалската експедиција на Лацио имаше тежок лет, а играчите биле во паника по опасните турбуленции над Калабрија на пат кон Кротоне.

Новиот боинг 737 што го купи соственикот на Лацио Клаудио Лотито се тресел опасно на првото патување со фудбалската експедиција на тимот, а проблемите почнале кога требало да се слета. Почнале големи турбуленции поради невреме, па играчите биле во паника.

„Сите бевме испаничени, освен Ачерби и Пароло. Пароло е вистински лудак. Воопшто не му беше страв, туку напротив ни се смееше на сите. Многу ни беше лошо, немаше ни кој да го сними со мобилен телефон“, вели Чиро Имобиле.

И за време на мечот што Лацио го доби со 2:0 имаше опасно невреме, а проблемите на лацијалите продолжија и на пат кон дома.

На аеродромот не им било дозволено да полетаат, па патешествието го продолжиле со автобус до Ламеција, а оттаму со редовна линија безбедно стасаа во Рим.

 

- Оглас -

Најнови вести