Трагична вест пристигна од Србија. Некогашниот голман Дејан Костуранов почина на само 38 години, а оваа ужасна вест ја потврдија и од Фудбалскиот сојуз на Војводина.
Костуранов во кариерата бранеше за Вардар, Силекс, Скопје, Македонија ЃП, Охрид, Еуромилк, а бранеше и во Албанија за тимот на Скендербег. По завршување на кариерата, Костуранов замина да живее во Србија, од каде е и неговата жена.
Костуранов како последен ангажман го имаше во стручниот штаб на ФС на Војводина на турнирот меѓу Регионите на кој Војводина ја победи аматерската селекција на Македонија. Беше и тренер на Раднички 1918 од Ратково.