Инфантино не се откажува и најави: Мундијал ќе има на две години

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, денеска уште еднаш изјави дека негова главна цел е да биде усвоен предлогот за воведување на идејата Светското првенство да се игра на две години, а не како што е досега, на четири години.

Инфантино вели дека на 20 декември ќе има состанот, на кој се надева дека ќе биде постигнат консензус за да биде направен план Мундијалот да се игра на секои две години.

„Досега слушнав многу оправдани критики, но имаше и позитивни коментари. Верувам дека можеме да постигнеме консензус“, рече Инфантино, кој додаде дека веќе ќе се прекине традицијата планетарниот собир да биде само во една земја, што досега најчесто беше практика.

УЕФА првично е против идејата за Светското првенство да биде на секои две години, а негативни критики дојдоа и од Меѓународниот олимписки комитет затоа што во тој случај, одржувањето на Мундијалот ќе се поклопи во иста година со организирање и на Олимписките игри.

 

- Оглас -

Најнови вести