Имаше од се по нешто – Летаа евроголови и волеи во Џенова, Сампдорија го сопре Интер (Видео)

Интер не успеа да стаса до хет-трик победи во новата сезона во Калчото и денеска во прекрасен меч одигра нерешено 2:2 против Сампдорија во Џенова.

На „Луиџи Ферарис“ имаше од се по нешто и атрактивни потези и евроголови, волеи, а мечот почна со голчиште од слободен удар на Федерико Димарко.

Дефанзивецот на Интер погоди од 18 метри во 18. минута, а погодокот му е прв во дресот на актуелниот шампион на Италија.

Димарко

Сампдорија израмни со голот на Маи Јошида, прв и за него во дресот на тимот од Џенова. Јапонецот беше прецизен во 33. минута за 1:1.

Интер по вторпат поведе по погодокот на Лаутаро Мартинес во финишот на првото полувреме, но не победи во Џенова.

https://twitter.com/therealnat_x23/status/1437013461503037441?s=20

Сампдорија повторно израмни и освои важен бод против фаворитот со фантастичниот гол на Ауџело со волеј на стартот од второто полувреме.

https://twitter.com/br_goal/status/1437024512499986444?s=20

Интер има 7 бода од три меча и е на второто место на табелата зад лидерот Наполи, кој има 9 бода. Сампдорија со два бода е на 13-та позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести