Интер блеска во Милано, води 2:0 против Барселона, која е пред невозможна мисија (Видео)

Интер игра одлично и има предност од 2:0 против Барселона на „Џузепе Меаца“ во реванш мечот од полуфиналето во Лига на шампиони. ако се знае дека првата средба во барселона заврши 3:3, тоа значи дека италијанскиот првак има вкупно водство од 5:3, кое треба да го задржи во второто полувреме.

Барселона започна офанзивно на почетокот од мечот во Милано, но Интер беше тој што се израдува на погодок. Во средината од првото полувреме, домашните фудбалери одиграа агресивен пресинг на противничката половина, ја освоија топката, а потоа направија одличен напад во два потега, па на крајот Лаутаро Мартинес погоди за 1:0.

Барселона продолжи да напаѓа, но Интер беше тој кој повторно даде гол. Во финишот од првото полувреме Мартинес беше во напад, кога беше фаулиран од Кубарси. Првично судијата Марчињак не досуди пенал, но по консултација со помошниците во ВАР-собата, беше досуден пенал за Интер.

Хакан Чалханоглу погоди од пенал за 2:0 во 45-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести