Интер ги победи Манчестер сити и Барселона – Шкрињар го продолжи договорот

Милан Шкрињар ќе продолжи да игра за Интер откако и официјално е објавено дека го продолжи договорот до 2023 година.

Еден од најдобрите стопери во Серија А, па и во Европа веќе втора сезона игра одлично за Интер и одлучи да остане, иако за него интерес имаше од неколку европски клубови, пред сè од Манчестер сити и Барселона.

Словакот пристигна на „Џузепе Меаца“ пред две лета, а првата сезона имаше уникатен подвиг за играч што настапува прва сезона за некој клуб и ги одигра сите 38 натпревари во Калчото за Интер со максимална минутажа. Односно, настапи на 38 натпревари и веднаш се наметна како лидер на одбраната на Интер.

Шкрињар, според статистиката, е најдобриот одбранбен играч во Калчото според бројот на прецизни додавања со висок процент од 92,3 посто, што е многу важно за позицијата стопер во тимот.

Според новиот договор, тој ќе остане на „Џузепе Меаца“ до 30 јуни 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести