Интер и Атлетико ќе бидат ефикасни, голови ќе има и во Англија (Фото)

1310 – Гранада – Атлетико Мадрид (21:00)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид на крилјата на победата против градскиот ривал Реал во Купот на кралот ќе атакуваат на позитивен резултат и на гостувањето кај Гранада во Ла Лига. Очекувањата се дека Јорганџиите ќе постигнат два или три погодоци за гостувањето, а во прилог на ова оди и тоа што последниот дуел помеѓу овие две екипи заврши во корист на Атлетико со 3-1.

Предлог тип: Т2 2-3 (2.14)

 

1005 – Брајтон – Вулверхемптон (20:45)

Екипата на Брајтон како фаворит влегува во дуелот од Премиер лигата против Вулверхемптон. Домашните играат одличен фудбал оваа сезона, но играат одлично и против денешниот противник. Историјата на меѓусебните натпревари вели дека на последните четири меча Брајтон секогаш победувал, а на натпреварите биле постигнувани најмалку по три погодоци.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.30)

 

1022 – Лестер – Ипсвич (21:00)

Во дербито на колото во англиската Чемпионшип дивизија се среќаваат првопласираниот Лестер и третиот Ипсвич. Дуел на кој нема изразит фаворит, но на кој се очекуваат многу погодоци, и тоа во двете полувремиња и во двете мрежи. Домашниот Лестер на последните три натпревари игра „гол-гол“, додека на мечевите на коишто настапил Ипсвич, тоа е случај на последните три. Во меѓусебните дуели, на два од последните три се треселе двете мрежи.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.35)

 

2898 – ФЦСБ – УТА Арад (19:00)

Дуелот од најквалитетната романска лига помеѓу ФЦСБ и УТА Арад има изразит фаворит, а тоа е домашната екипа, која воедно е и лидер во лигата, и тоа со осум поени предност пред второпласираниот Клуж. За разлика од нив, УТА Арад е на 12-тата позиција со 20 поени помалку од денешниот противник. Воедно, екипата на ФЦСБ, или поранешна Стеауа Букурешт, го има најдобриот напад во лигата со 38 погодоци на 21 меч.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.19)

 

3040 – Наполи – Интер (20:00)

Финалето на италијанскиот Суперкуп помеѓу Наполи и Интер, кој вечерва ќе се одигра во Ријад, Саудиска Арабија, се очекува да донесе ефикасен фудбал, но и трофеј за екипата од Милано. Пред повеќе од еден месец овие две екипи се сретнаа во првенствен натпревар во Неапол, а победата му припадна на Интер со 0-3 откако „сино-црните“ од Милано погодија еднаш во првото и двапати во второто полувреме.

Предлог тип: Т2 1-3I&1-3II (2.70)

- Оглас -

Најнови вести