Интер и ПСЖ лесно ќе победат, Арсенал конечно ќе се израдува

Интер – СПАЛ (15 ч.)

Ако сакаат да останат во трка со Јувентус за првото место во Серија А, Нераѕурите никако не смеат да дозволуваат да киксираат на свој терен против екипи кои реално се со класи послаби од нив, а таква е СПАЛ. Интер во 11 меча има дадено 29 голови и го имаат вториот најефикасен напад.

СЛАП на гости во шест меча има освоено само еден бод, а уште немаат дадено ниту еден погодок. Во една ваква ситуација, Интер треба лесно да стигне до победа и уште во првото полувреме да го скрши отпорот на тимот против кој има три победи и само едно реми.

Предлог тип: 1-1 (1.85)

 

Лестер – Евертон (17:30 ч.)

Ретко кој очекуваше дека Лестер ќе има ваков старт на сезоната. Лисиците победија на девет од последните 10 средби, што значи дека самодовербата им е на највисоко ниво. Џејми Варди е во гол форма и ќе биде најголема закана за голот на Евертон. На последните 10 меча Лестер даде 32 погодоци, односно повеќе од три во просек на средба.

Лестер на свој терен сезонава има пет победи и само едно реми со гол-разлика 14:3, додека Евертон на гости даде само пет погодоци на шест меча и има четири порази.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.88)

 

Норвич – Арсенал (15 ч.)

Арсенал за прв пат во 27 години е во серија од седум меча без победа. Таквата лоша низа донесе до бркање на тренерот Унаи Емери. Денеска деби како прв тренер на Топчиите ќе има Фреди Љунберд кој има голем респект кај играчите и сигурно тие ќе сакаат да се докажат уште повеќе.

Норвич е одличен противник за да се прекине серијата без победа на Арсенал. Во досегашните 11 меѓусебни средби, Арсенал има седум победи, три меча се нерешено, а Норвич победил само еднаш. Овојпат ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Атлетико Мадрид – Барселона (21 ч.)

Дерби на две екипи со различна филозофија на играта. Барселона го има најефикасниот напад (35 погодоци сезонава), додека Атлетико е со најцврста одбрана и примени само девет гола. Секогаш овие дуели носат многу возбуда и неизвесност, а традицијата вели дека на последните 13 меѓусебни средби немало повеќе од три гола.

Диего Коста ќе го нема кај домаќините, а Барселона ќе биде без Алба, Бускетс и Дембеле. Каталонскиот гигант нема ниту еден пораз од Атлетико во последните осум меча.

Предлог тип: Х2& 0-3 (1.88)

 

Монако – ПСЖ (21 ч.)

ПСЖ и оваа сезона е прв фаворит за титулата во Франција, а Монако покажува дека повторно ќе се мачи да се спаси од испаѓање. Дуелите кои некогаш беа дерби и неизвесни сега се во знакот на Светците кои имаат девет победи по ред над овој ривал. Во сите тие девет меча имало најмалку по три гола, па и вечерва се очекува сличен епилог.

Предлог тип: 2&3+ (1.92)

Во понудата на Sport Life за денеска во Квоти на денот се:

Интер – СПАЛ Т1 1+I &T1 3+ (2.65)

Манчестер јунајтед – Астон вила 1& 1+I&1+II (2.30)

Атлетико Мадрид – Барселона 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

- Оглас -

Најнови вести