Интер испрати официјална понуда за опасната „данска дога“

За офанзивецот на Лил, Николас Пепе, се интересираат неколку европски гиганти, но Интер е тимот кој испрати конкретна понуда до таборот на францускиот вицепрвак. Сумата е 70 милиони евра, а како што се развива ситуацијата, таа може да биде прифатена.

Раководството на Лил воедно планира да заработи 80 милиони евра од продажбата на ѕвездата во подем, а понудата од Интер е најблиску до посакуваната цена. Пепе е под лупата и на финалистите од Лигата на шампионите, Тотенхем и Ливерпул, а интерес за него покажа и Арсенал, но и германскиот првак Баерн Минхен.

Тој сака неговата судбина да биде решена пред почетокот на африканскиот Куп на нации за да може со мирна глава да настапи за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска. Опасната „данска дога“ сезонава беше неприкосновена во Лига 1, настапи на сите 38 натпревари во коишто постигна 22 погодоци и 11 асистенции, со тоа што му помогна на Лил да дојде до второто место и директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести