Интер на три од последните пет меча одигра „кец у два“ и „два во еден“, како ќе биде вечер?

Интер вечерва гостува кај СПАЛ, тим кој е „закован“ на дното на табелата. Нераѕурите се големи фаворити, а со победа и три бода, ќе се искачат на второто место на табелата во Серија А. Во случај на триумф, Интер ќе дојде на шест бода зад лидерот Јувентус и дополнително ќе стане интересно во последните пет кола од првенството.

Гигантот од Милано сезонава на гости има 10 победи во 15 средби, а СПАЛ дома е очаен дури со 10 порази во 15 натпревари. Традицијата од меѓусебните дуели вели дека Интер победи на четири од последните пет средби со овој ривал, а СПАЛ има освоено само еден бод.

Тоа што е интересно да се следи вечерва е дали Интер повторно може да одигра меч со пресврт. Ако се погледнат резултатите од последните пет меча на тимот на Антонио Конте, во очи паѓа фактот дека на три меча имало големи возбудувања и пресврти.

На 28 јуни, Интер гостуваше кај Парма, а домаќините на полувремето водеа со 1:0. Интер во вториот дел доби црвен картон, но и со играч помалку гостите успеаја да дадат два гола и да направат целосен пресврт, односно да биде „еден во два“.

Следниот пресврт се случи на 5 јули, кога Интер дома водеше со 1:0 против Болоња на полувремето, а на почетокот на вториот дел домаќините имаа и пенал за 2:0, но Мартинес утна. Болоња и со играч помалку даде гол за 1:1, а во 80-тата минута гостите направија целосен пресврт и стигнаа до победа на „Џузепе Меаца“, со обложувачки речник „два во еден“.

Третиот пресврт на Интер беше само пред три дена. Интер дома играше со Торино, а гостите на полувремето водеа со 1:0. Нераѕурите се разиграа во второто полувреме, кога постигнаа три гола и негативата од полувреме ја претворија во триумф. Во сите три случаи на „големи пресврти“ коефициентите се огромни.

Прашање е дали вреди и вечерва да се брка пресврт на дуел на Интер на гостувањето кај фенерџијата СПАЛ.

 

- Оглас -

Најнови вести