14.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Интер нуди 58 милиони евра за ѕвездата на Комо

Младата аргентинска ѕвезда Нико Паз во јануари би можел да го смени клубот, но ќе остане во Серија А. Интер наводно подготвил понуда од дури 58 милиони евра до Реал Мадрид за одличниот фудбалер за врска.

Нико Паз оваа сезона блеска во дресот на Комо. На само осум натпревари во Серија А за тимот предводен од Фабрегас, тој постигна четири гола и запиша четири асистенции, потврдувајќи дека е еден од најперспективните млади играчи во италијанскиот шампионат.

Младиот Аргентинец со својата брзина, технички вештини и чувство за гол, веќе привлекува внимание од најголемите клубови во Европа, а трансферот во Интер би можел да биде следен голем чекор во неговата кариера.

„Се работи за играч со огромен потенцијал. Неговата сезона досега е импресивна, и не е изненадување што големите клубови веќе го следат. Доколку трансферот се реализира, Интер добива многу млад и талентиран играч кој може да биде дел од иднината на клубот“, пишува „Газета дело Спорт“.

- Оглас -

Најнови вести