Интер победи и утре може да стане првак на Италија!

Интер победи на гостувањето кај Кротоне со 2:0 и сега трофејот од првенството „тропа“ на портите на „Џузепе Меаца“. По 34 кола, Нераѕурите имаат освоено 82 бодови, дури 14 повеќе од второпласираната Аталанта, која има меч помалку.

Доколку Аталанта утре не триумфира на гостувањето кај Сасуоло, Интер веќе ќе има недостижна предност во однос на сите останати ривали и ќе може да се израдува титулата. Гигантот од Милано цели 11 години го чека Скудетото.

Кристијан Ериксен го постигна погодокот со кој гостите го скршија бункерот на Кротоне, тим кој е последен во Серија А и сигурно ќе испадне на крајот од сезоната. Интер постојано напаѓаше, упати дури 22 удари кон противничкиот гол, а во 93 минута Хикими со погодок за 2:0 го потврди триумфот на фаворитот.

 

- Оглас -

Најнови вести