Интер пред 22 години го освои Купот на УЕФА, ама тогаш го имаше феноменот (Видео)

Интер 22 години нема освоено трофеј во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа, но победата над Лацио во финалето на тогашниот Куп на УЕФА во 1998 година се памети до денеска, најмногу по играта на Бразилецот Роналдо, кој беше најзаслужен за триумфот од 3-0. Лацијалите беа немоќни да се справат со неговите дриблинзи, а пред да даде гол, кога излезе сам пред Лука Маркеџани, „му ја скрши кичмата“ на голманот на Лацио.

Интер сега нема таков играч во своите редови, но фановите на Нераѕурите веруваат дека Лаутаро Мартинес или Ромелу Лукаку може да приредат некоја егзибиција која ќе помогне во финалето на Лига Европа против опасната Севилја.

Кратко потсетување на партијата на Роналдо од финалето во 1998:

- Оглас -

Најнови вести