Интер со неочекуван потег пред мечот со Фиорентина

Интер ќе се обиде да ја сочува лидерската позиција во Серија А, но пред Нераѕурите е тежок предизвик, гостуваат во Фиренца на Фиорентина. Гигантот од Интер сезонава е перфектен на гостински терен и има седум победи во исто толку меча. Ефикасноста е најголем адут на избраниците на Антонио Конте, а интересно е што пред дуелот со Фиорентина, Интер се реши на еден необичен потег.

Гостите ја откажаа прес конференцијата, а се верува дека тоа е така за да се заштити Конте од критиките кои ги добива од одредени новинари кои се дел од прес конференциите на Нераѕурите.

„За да им испратиме јасна порака на сите медиуми кои треба да имаат почитување кон сите луѓе, решивме да нема прес конференција пред мечот со Фиорентина“, стои во соопштението на Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести