Интер со победа над фенерџијата во Серија А се загреваше за дуелот со Атлетико Мадрид (Видео)

Лидерот во Серија А, Интер, продолжува со одличните игри сезонава и вечерва лесно со убедливи 4:0 го победи последнопласираниот тим на табелата, Салернитана.

Овој дуел за Нераѕурите претставуваше еден вид загревање за натпреварот кој треба да го игра в вторник во дербито на осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Фудбалерите на Интер работата ја завршија во првото полувреме кога постигнаа три гола.

Резултатот го отвори Маркус Тирам во 17-тата минута, а само две минути подоцна Лаутаро Мартинес го постигна 20-тиот гол сезонава во Серија А.

Во финишот на првиот дел, Дензел Дамфис зголеми на 3:0 и ги реши дилемите околу победникот.

Конечниот резултат го постави Марко Арнаутовиќ во последните моменти од мечот.
Нераѕурите со новата победа веќе направија предност од 10 бодови на табелата пред второпласираниот Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести