Интер со продажбата на две ѕвезди инкасира 175 милиони евра, а ќе потроши „само“ 17 милиони за замените

По Ашраф Хакими, Интер денеска го продаде и Ромелу Лукаку, а од нивните заминувања италијанскиот првак инкасира 175 милиони евра. Од ПСЖ добија 60 милиони евра за мароканскиот десен бек, 115 милиони евра плати Челзи за најдобриот стрелец на Нероаѕурите, па гигантот од Милано ја оствари целта да ги регулира финансиите.

Нормално, за двајцата главни играчи мораа да најдат замени, за кои ќе потрошат симболични 17 милиони евра. На пат кон Милано се холандскиот бек Дензел Думфрис од ПСВ Ајндховен, за кого ќе се издвојат 15 милиони евра, додека на местото од Лукаку доаѓа искусниот Един Џеко за сума од два милиони евра.

Италијанските медиуми најавија дека Интер наскоро ќе ги потврди новите аквизиции, а нема да биде изненадување доколку уште некоја ѕвезда го напушти клубот, бидејќи и Лаутаро Мартинес се поврзува со неколку гиганти.

- Оглас -

Најнови вести