Ромелу Лукаку денеска и официјално треба да ја засили Рома, но од доаѓањето на Белгиецот на „Олимпико“, не се задоволни сите.
Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини даде интересен коментар за италијанските медиуми во кој се запраша што може да и донесе Лукаку на Римската волчица.
„Не знам што би ни донел Лукаку, но постојат луѓе кои работат да се реализира овој трансфер. Кога се ќе биде готово, ќе видиме што може да ни донесе“, изјави Пелегрини.
Белгиецот во Рома треба да пристигне на едногодишна позајмица, а италијанскиот тим веќе му плати пет милиони евра на Челси за позајмицата.
Лукаку има договор со Сините до 2026 година, но и новиот менаџер Маурисио Покетино не смета на неговите услуги и му порача да си побара нов тим. Минатата сезона, Лукаку ја помина во Интер каде постигна 14 гола и имаше седум асистенции во 37 натпревари.