Интересна трансфер тактика – Испратија понуда до тројца напаѓачи, кој прв ќе прифати, ќе игра во Серија А

Салернитана сака да се засили со еден добар напаѓач и има три опции и интересна тактика, па кој прв ќе ја прифати понудата на калчолигашот, од идната сезона ќе игра во Серија А.

Понудите од Салерно се испратени на адреса на Интер за Андреа Пинамонти, потоа кај Брајтон за Нил Мопеј и кај Херта за Кжиштоф Пјонтек.

Од нив само Мопеј нема играно во Италија, а шансите на сите тројца да бидат нови членови на Салернитана се еднакви, истакнаа од клубот.

Во Салерно претходно пристигна норвешкиот напаѓач Ерик Ботхејм, а треба да се комплетира камбекот на Федерико Бонацоли, па на прволигашот му треба само уште една опција во нападот, а ќе се бира кој е побрз меѓу трите клуба, Интер, Брајтон и Херта, односно тројцата офанзивци што играат кај нив, а ги сака Салернитана.

 

- Оглас -

Најнови вести