Интересно полувреме во Бундеслигата, Хаверц незапирлив, супер-гол на Падеборн (Видео)

На домашните тимови не им оди најдобро по првите 45 минути на денешните попладневни дуели од германскиот фудбалски шампионат, но најубавиот гол го постигна фудбалер на домашна екипа. Денис Србени од Падерборн со мајсторски шут ја искористи големата грешка на одбраната на Хофенхајм. Голот може да го видите подолу.

Инаку, дерби се игра во Менхенгладбах, каде што Баер води против Борусија со 1-0. Стрелец на водечкиот гол за Аспирините е Каи Хаверц, кој на последните шест меча има пет гола и три асистенции.

https://twitter.com/i/status/1264190452896497666

- Оглас -

Најнови вести