Инцидент во Минхен, за влакно избегната трагедија (Видео)

Непосредно пред почетокот на мечот помеѓу Франција и Германија се случи инцидент на стадионот во Минхен откако еден падобранец слета на терен, а пред да се приземји, имаше неконтролиран лет што можеше да заврши трагично.

Човекот со падобранот со голема брзина пролета на сантиметри покрај трибините и новинарската ложа, но, за среќа, не повреди навивачи, освен еден техничар кој работел на осветлувањето. Притоа, беше оштетен и кабелот кој ја поврзува камерата над теренот со покривот.

Инаку, на падобранот стоеше порака „Откажете се од нафтата“, а активистот на организацијата „Грин пис“ го направи ова за да протестира против компанијата „Фолксваген“, која е спонзор на ЕВРО 2020, а нивните автомобили користат фосилни горива.

https://twitter.com/i/status/1404882477076844546

- Оглас -

Најнови вести