Инѕаги: Кога го примивме првиот гол добивме помрачување од половина час и затоа загубивме

Интер загуби со 2:3 од Милан, а тренерот Симоне Инѕаги објасни дека неговиот тим имал несфатлив пад во играта и тоа веднаш откако го примиле првиот гол. Стратегот на Нераѕурите е разочаран затоа што не смее во едно дерби да се примат три погодоци.

„Мечот започна израмнето, а потоа дадовме убаво гол. По израмнувањето на Милан, ние половина час имавме помрачување, а поради тоа примивме уште два гола. Постигнавме два убави погодоци, но никако не смеевме да дозволиме да примиме три гола, посебно не во дерби. Затоа загубивме, иако според играта и создадените шанси заслуживме да освоиме барем бод. Сепак, јас како тренер прв ја превземам одговорноста за тоа што ни се случи. Во еден вака значаен меч, моравме да одиграме подобро“, рече Инѕаги по поразот од Милан.

- Оглас -

Најнови вести