Иранската делегација најави дека ќе ја бојкотира ждрепката за Светското првенство во фудбал што ќе се одржи в петок, на 5 декември во Вашингтон, САД.
Причината за одлуката на Иранците е одбивањето на американските власти да издадат влезни визи за некои членови на иранската делегација.
„Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки немаат никакво влијание врз спортот и дека членовите на иранската делегација нема да учествуваат на ждрепката за Светското првенство“, соопшти Иранската фудбалска федерација.
Претседателот на Иранската федерација, Мехди Таџ, како и извршниот директор на националниот тим, Мехди Харати, се меѓу службените лица кои не добиле виза. Уште во октомври беше објавено дека Американците одбиле визи за вкупно седум ирански службеници.
Иран ќе биде во вториот шешир при ждрепката. Ова ќе биде седми Мундијал за нив, а досега никогаш не ја поминале групната фаза.

