Иранец даде гол во Премиерлигата и заплака, ново ВАР шоу

Брајтон го надигра и совлада Борнмут со 2-0 во првиот денешен меч од англиската Премиерлига. Брајтон од 1 јануари 2008 наваму чекаше лигашка победа против Борнмут, а радоста беше голема и затоа што двата гола ги постигнаа фудбалери кои досега немаа погодено во дресот на Брајтон.

Алиреза Јаханбакш стана само третиот Иранец (пред него беа Араник Тејмуријан и Ашкан Деџагах) кој дал во Премиерлигата, а прв после пет и пол години. Тој во Брајтон дојде пред 16 месеци од АЗ Алкмар за 17 милиони фунти, долго чекаше на порвиот гол, па затоа и беше совладан од емоциите и заплака. Ова му беше прв гол од 6 мај 2018.

Брајтон е тим кој во 2019 година имаше девет пораз на свој терен, повеќе од било кој друг, но ете денеска ги израдуваа своите фанови. домашните дадоа уште еден гол, но им беше поништен поради минимален офсајд кој можеше да се види само со пресметки во ВАР собата. На 2-0 зголеми Арон Мој, на кого истотака ова му беше прв гол како играч на Брајтон.

Борнмут има 19 порази на последните 20 меча на кои губел по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести