Иранците ќе бидат сместени во Мексико, а ќе играат во САД

ФИФА потврди дека иранската репрезентација го преместила планираниот камп за Светското првенство од Тусон, Аризона, во Тихуана, Мексико, поради безбедносни проблеми.

Иран првично го избра спортскиот комплекс во Тусон како своја база за време на Мундијалот, а побараа промена откако САД и Израел започнаа заеднички напади врз Иран кон крајот на февруари.

Мексиканците немаа проблем тимот на Иран да биде сместен кај нив. Нема план за промена на локацијата на натпреварите од групната фаза, Иран треба два меча да игра во Лос Анџелес, а еден во Сиетл.

Близината на Тихуана до границата меѓу САД и Мексико би можела да го олесни влегувањето на националниот тим на Иран во САД кога ќе патува на натпревари.

Во моментов иранската селекција е на подготовки во Анталија, Турција.

- Оглас -

Најнови вести