Иронија на судбината, повторно „ракомет“ пресуди на Сити – Тотенхем (Видео)

Судбината некогаш си прави чудни шеги. Пред три дена, гол со помош на раката на Фернандо Љоренте го однесе Тотненхем во полуфиналето на ЛШ, а денеска Манчестер сити го совлада Тотенхем со 1-0 во меч од првенството, но можеше да биде поинаку ако се користеше ВАР, бидејќи во 59 минута, топката го удри Кајл Вокер во рака, но не беше покажан пенал кој можеше да ги смени резултатот.

Тогаш среќата беше на страна на лондонскиот тим, а денеска кај „граѓаните“ од Манчестер.

Деле Али нафрли, а Вокер со рака ја исфрли топката во корнер. Гостите протестираа и бараа пенал, но судијата Мајкл Оливер процени дека немало намера кај бекот на Сити.

https://streamable.com/0yf40

- Оглас -

Најнови вести